Tuesday, November 25, 2014



Излезен уред е било која сметачка направа која служи за соопштување на исходот од обработката на податоци извршена од еден систем за обработка на информации (како на пр. сметач).
Во информатиката, „влез/излез“ или „I/O“ го означува општењето помеѓу обработувачот на информации (на пр. сметачот), и надворешниот свет. Влезните сигнали внесуваат податоци од надворешниот свет, а пак излезните изнесуваат обработени податоци од машината нанадвор.
Примери за излезни уреди се:
·       Монитор (Екран)
·       Печатар
·       Звучници
·       Слушалки

Монитор е приказен уред кој визуелно ги прикажува сликите кои ги генерира графичката картичка или друг уред со излезна видео порта. Ерата на мониторите покрај постојаните усовршувања воглавно ја означуваат две технологии и тоа првата и постара метода а тоа е со катодна цевка. Таа технологија се одликува со екрани кои зафаќаат поголема површина и имаат заоблен екран. Втората и најнова технологија е монитори кои се прилично слаби и со рамен екран и користат технологија на течен кристал.



Печатар -Уред кој служи за печатење на дигитално уреден текст, графика и сл. на хартија. Користи најчесто механички отпечаток (матрични и типографски печатари), исфрлање на боја во точно определени региони, електростатско распоредување на графитна прашина (тонер) на соодветна површина и по пат на загревање на одредена температура зацрвстување на отпечатокот (ласерски печатари)

Звучници - е електромагнетска,електростатичка направа која ги претвара електричните сигнали во звучни бранови,спротивно од микрофонот.
Електромагнетниот звучник се состои од магнет и електромагнет кој е прицврстен за хартиена или пластична дијафрагма.При проток на електрична струја тој се помрднува заедно со дијафрагмета затоа што се наоѓа во магнетното поле на постојаниот магнет.Со поместувањето на дијафрагмата доаѓа до разредување на воздухот при што настанува звук.


Слушалки - пар од мали звучници кои се дизјнирани за да можат да се користат блиску до ушите на корисникот.Тие имаат жици преку кои се поврзуваат за копјутерот.Познати се уште како и Sereophones,а во помала верзија се нарекуваат Earphones.Често се во комбинација со микрофон.






Влезни периферни уреди се уредите од компјутерот преку кои севнесуваат податоците и инструкциите во компјутерот.
 Податоците во компјутерот може да ги внесува или човекот или некојосетлив уред - термометар, брзинометар и др. Вообичаени уреди преку коичовекот ги внесува податоците во компјутерот се: тастатура, глувче, скенер,микрофон, екрани осетливи на допир, видео камера и слично.

Во групата на влезни единицаи спаѓаат:
- тастатура
 -гувче
- скенер
- микрофон,
- дигитален фото апарат
- камера


Тастатурата е уред за навигација и внесување на знаци во компјутерот и се состои од три групи на копчиња и тоа: алфабетски, нумерички и функциски.





Глувчето е уред за позиционирање и навигација во оперативниот систем.
 Постојат механички(со гумено топче) и оптички(ласерски) глувчиња.



Скенер е уред со чија помош вршиме дигитализација на податоците (слики, текст и др.) односно содржината од хартијата ја внесуваме во компјутерот во дигитална форма.




Микрофон е уред за пренесување на звукот во дигитална форма кон компјутерот.





Дигитална камера / фотоапарат претставува камера или фотоапарат која снима видео или фотографии со помош на фото сензитивен сензор и има можност за пренесување на истите во компјутер.