Влезно
- излезни уреди служат
за внез меѓутоа и за излез на податоци
од компјутерот и во оваа група спаѓаат
- Модем
- TV (VIVO) картичка
- Звучна картичка
- Модем
- TV (VIVO) картичка
- Звучна картичка
Модемот (доаѓа од зборовите модулатор - демодулатор) е уред за претворање на дигитален сигнал во аналоген кој може да се пренесува и повторно негово претворање во дигитален. Бидејќи компјутерите работаат со дигитални сигнали (дискретни вредности) а во реалност сите се аналогни сигнали (континуирани) модемот служи за претворување од еден во друг вид со цел за нивно пренесување.
Најпознати видови на модеми се модемите со звучно пренесување што ги знаеме како обични модеми, кои бинарните бројки 1 и 0 ги претвора во звук кој може да се пренесе преку телефонската жица и да се прими од другата страна од друг таков уред кој ќе го претвори во истиот дигитален сигнал. Брзината на модемите најчесто се мери во битови во секунда (bps). На пример 56k модем може да пренесе 56 000 битови во секунда, меѓутоа реалната брзина е послаба од теоретски максималната поради загубите при преносот. Побрзи модеми кои што се користат денес се кабловските модеми и АДСЛ модемите.
Според приклучувањето а и оптоварувањето на компјутерите обичните модеми се делат на:
- Внатрешни (кои се напојуваат директно од матичната плоча и се наоѓаат во куќиштето)
- Надворешни (кои се наоѓаат надвор од куќиштето и имаат сопствено напојување)
Кабловски модеми
Kaбвските
модеми се тип на модеми што овозможуваат
пристап до податоци преку кабловската
инфраструктура. Најчесто се користат
за пристап до интернет користејќи ги
неискористените жици од каблите на
кабловската телевизија.
Брзината
на овие модеми е доста различна и додека
теоретската максимална брзина е 30 Mbps
реалната брзина која што ја овозможуваат
кабловските е од 1 до 8 Mbps за спуштање, и
неколкукратна помала брзина за ставање
на податоци на интернет. Меѓутоа да се
напомене дека брзината на овие модеми
доста варира во зависност од вашите
соседи (доколку сите се моментално
приклучени има ослабување на сигналот),од
разни вируси, од грешно конфигуриран
рутер, од слаба безжична мрежа па и од
староста на вашиот компјутер.
АДСЛ модеми
АДСЛ
модем или ДСЛ модем е уред што го поврзува
единечен компјутер или рутер со
ДСЛ телефонска линија со цел за
користење на АДСЛ услуги. Тие како
и другите модеми добиваат сигнали кои
ги претвораат во дигитален вид.
Работаат
на фреквенции од 25KHz до 1MHz се со цел да
не се мешаат со обичните гласовни сервиси
кои работаат од 0-4KHz. Значи кај обичната
телефонска линија звуците на обичните
модеми пречат и е невозмоно да се оствари
телефонски повик. За разлика од тоа кај
АДСЛ модмеите нема никакви звучни
пречки.
Брзината
на овие модеми варира од неколку стотици
Kbps до неколку десетици мегабита во
секунда (Mbps).
Звучна
картичка е
дел на компјутерот кој обезбедува звучен
влез и излез. Таа содржи звучен чип кој
аналогните звучни сигнали (звучните
бранови) ги претвора во дигитален сигнал
(единици и нули). Звучниот чип може да
се наоѓа и на матичната плоча со однапред
интегрирани влезови и излези.
Сите
звучни картички немаат ист број на
влезови и излези. Повеќето денешни
картички имаат 5 конектори (2
влеза -
за микрофон и линиски влез и 3
излези за
предни и задни звучници и subwoofer), иако
најчесто се користи влезот за предните
звучници обележан со зелена боја.
Најновиот тренд е овозможување на
приклучување на 7 звучници и еден subwoofer
(7.1 стандард).